L'oreal Nutri Gold Extraordinrary Facial Oil


Здраво девојки !

Нова рутина во негата на мојата кожа !

Денес повторно ви пишувам рецензија за суво масло за нега на лице (и општо цела кожа) на L'oreal Nutri Gold Extraordinrary Facial Oil. Го купив пред околу два и пол месеци и секој ден го користам особено во ова есенско студено време кој најголем непријател на сувата кожа се ветерот и студот кој дополнително ја сушат кожата. Ова масло најдобро е да се користи во есенско-зимен период кој ќе и ја даде потребната нега на кожата и дополнително ќе ја заштити. 
Затоа доколку сте во потрага по добар навлажнувач за вашата кожа ова е мојата препорака.




Опис на производот:  Со годините, кожата може да стане потенка, дехидрирана и да го изгуби својот природен сјај. Таа може да се чувствува сува и да изгледа безживотно.
L'Oréal Paris специјално формулирале префинет спој на 8 природни етерични масла со кој кожата веднаш ќе се трансформира во помазна, посјајна и обновена. Оваа комплексна формула е прилагодлива за сите типови на кожа. 8-те специјално одбрани суви масла се суво масло од лаванда, суво масло од оригано, суво масло од роза, суво масло од камилица, суво масло од кора од портокал, суво масло од сардела, суво масло од рузмарин и суво масло од лавандин. Секое од овие масла си има свое својство кое одлично ја подобрува кожата. Масло од лаванда нуди антиоксидантни својства за заштита на кожата од оксидативен стрес и слободните радикали, а лавандин етеричното масло промовира стимулирање на синтезата на колаген и еластин. Маслото од кора од портокал помага против стареењето, додека маслото од камилица  нуди смирувачки својства против воспаление на кожата. Маслото од роза  ја смирува кожата и го подобрува тенот, додека маслото од рузмарин, оригано и сардела се избрани заради нивните антимикробни и смирувачки својства.

Пакување: Стаклено проѕирно пакување со пипета кој го олеснува користењето на маслото и со кое точно ќе искапете 5 капки од производот (толку ви се потребни за еден третман). 




Цена: 635 денари

Мирис: Маслото има јак и остар ароматичен мирис. Благодарение на деликатниот ароматичен мирис, чувство на смиреност и утеха ги обвива вашите сетила за момент на вистинско задоволство (на секој различно му делува), некој луѓе овој микс од ароматични масла неможат да го поднесат затоа   побарајте тестер за да видите дали ќе можете да го употребувате маслото. 

Количина: 30 мл

Произведено во: Париз, Франција

Земја на потекло: Франција

Состојки: Суви (рафинирани) масла од лаванда, рузмарин, кора од портокал, сардела, оригано, лавандин, роза и камилица.

Како го користам маслото?
- Најпрво се уверувам дека лицето и рацете ми се чисти, потоа на дланката искапувам 5 капки со пипетата, по што го затоплувам маслото со рацете и го нанесувам со масажа на лицето и вратот, по што маслото веднаш се спива во кожата, а кожата не изгледа ни малку масно, туку веднаш добива здрав сјај и изглед. 
Во постудените денови маслото го мешам со крема за лице, но искапувам само 3 капки. 
Шминката изгледа совршено кога претходно ќе го нанесете маслото или ќе го мешате со течна пудра, коректор, крем контури, течен кармин или течен хајлајтер. Кога маслото го мешам со овие козметички производи искапувам од 1 до 3 капки зависи за кој производ, на пример во течна пудра искапувам 3 капки, на коректор, контури, течен кармин и хајлајтер искапувам 1 до 2 капки во зависност колку ми е сува кожата. 
Исто така ова масло понекогаш го мешам и со масло од јајоба и Е витамин со што добивам уште подобра хидратација на кожата.



Дали навистина го подобрува изгледот и како изгледа на кожата и дали помага при кожни проблеми ?
-  Она што со сигурност можам да го потврда за мојата сува кожа е дека од кога го вклучив ова масло во мојата секојдневна рутина мојата кожа изгледа и ја  чувствувам толку живо, свежо и совршено! На кожата воопшто не изгледа масно од кога ќе го нанесете, веднаш се впива во кожата и дава здрав сјај. Она што се однесува за кожните проблеми јас можам само да кажам од она што сум го осетела и видела, а тоа е дека убаво ја негува сувата кожа и долго време ја остава мека и мазна (по само еден до два третмани), не се чуствува воопшто затегнато и доколку не продолжете да ја користите одреден период (на пример 1-2 недели), го намалува црвенилото на кожата кое настанало на пример по депилација на лице. За акни, лишај и други кожни проблеми не сум била сведок бидејќи јас немам никаков проблем.




Дали повторно би го купила?
- Да, дефинитивно.

П.С. Можете да си купите суви масла од аптека, да ги измешате и да си создадете сами суво масло кое ќе го користите само за лицето или целото тело.


Еве како изгледа моето лице после неколку третмани. Имам нанесено само кармин и маскара.


Се надевам дека оваа статија ви беше од помош.

До следното читање !
                                   Елена 

Comments