L'oreal Nutri Gold Extraordinrary Facial Oil
Здраво девојки ! Нова рутина во негата на мојата кожа ! Денес повторно ви пишувам рецензија за суво масло за нега на лице (и општо цела кожа) на L'oreal Nutri Gold Extraordinrary Facial Oil. Го купив пред околу два и пол месеци и секој ден го користам особено во ова есенско студено време кој најголем непријател на сувата кожа се ветерот и студот кој дополнително ја сушат кожата . Ова масло најдобро е да се користи во есенско-зимен период кој ќе и ја даде потребната нега на кожата и дополнително ќе ја заштити. Затоа доколку сте во потрага по добар навлажнувач за вашата кожа ова е мојата препорака.