Дали одредени хемикалии во бјути производите можат да допринесат до ран пубертет?

Козметиката е корективна алатка која секоја жена ја користи за да се почувствува самоуверено.

Неодамна прочитав истражување кое се однесува на одредени хемикалии во бјути производи што ги користиме секојдневно, направено на Универзитетот во Калифорнија.

Истражувачите од Универзитетот во Калифорнија изучувале како хемикалиите што се користат во производите за домаќинството можат да влијаат врз хормонските сигнали кои го поткрепуваат растот и развојот.
Студијата користела примероци од 388 деца - 179 девојчиња и 159 момчиња - и нивните мајки кои се запишале во долгорочната студија помеѓу 1999 и 2000 година. Тие земале примероци на урина во бременоста и од децата на возраст од девет години и го следеле почетокот на пубертетот.

Изложеноста на хемикалии во шминката, шампоните и другите производи  за лична нега може да предизвика млади девојчиња да поминат низ пубертетот порано, според студијата.

Студијата, објавена во списанието 'Human Reproduction' испитувала хемиски групи, вклучувајќи фталари (phthalates), парабени (parabens) и феноли (phenols) со користење на уринарни тестови.

За некои од овие хемикалии откриле дека за секое удвојување на концентрацијата измерена во урината на бремени жени, нивните ќерки во просек поминале во пубертетот една година порано.

Фталатите (phthalates) се користат во миризливи производи, како што се парфеми, дезодоранси и сапуни, додека парабените (parabens) се конзерванси во козметиката и фенолите се користат во се, од кармин до ласион.

Сигурно се прашувате како е можно  тие хемикалии да допрат до рецепторите за хормони, одговорот е едноставен, не заборавајте дека кожата е најголем орган на нашето тело и се што ќе дојде во допир со неа таа ќе го апсорбира.

"Најдовме докази дека некои хемикалии кои се користат во производите за лична нега се поврзани со раниот пубертет кај девојчињата" , вели д-р Ким Харли, вонреден професор по јавно здравство на Универзитетот во Калифорнија, кој ја предводел студијата.
"Специфично, откривме дека мајките кои имале повисоки нивоа на две хемикалии во нивните тела за време на бременоста - диетал фталат (diethyl phthalate), кој се користи во мирис и триклосан (triclosan), кој е антибактериски агент во одредени сапуни и пасти за заби - имале ќерки кои прерано влегле во пубертетот."
"Исто така, откривме дека девојчињата со повисоки нивоа на парабени во нивните тела на деветгодишна возраст влегоа во пубертетот порано."
Д-р Харли додава: "Ова е вежно затоа што знаеме дека возраста во која започнува пубертетот кај девојчињата се појавува порано во последните неколку децении; една хипотеза е дека хемикалиите во животната средина може да играат улога,  а нашите наоди ја подржуваат оваа идеја.
Раниот пубертет кај девојчињата го зголемува ризикот од проблеми со менталното здравје и однесувањето на ризик како тинејџери и го зголемува ризикот од рак на дојка и јајниците на долг рок, па ова е важно прашање за решавање."

Сепак, извештајот не покажува никакво влијание врз пубертетот кај момчињата. Иако не е можно да се каже дека зголемувањето на нивото на хемикалии да предизвика ран старт на пубертетот, наместо некои други неизмерени променливи кои се поврзани со овие хемиски нивоа, експертите велат дека студијата е добро спроведена и може да биде важна за креаторите на јавното здравје.


"Возраста на пубертетот напредува со години и други фактори како што е етничката припадност е исто така важна. Друга главна теорија изнесена пред почетокот на пубертетот е зголемената преваленца на прекумерна тежина и дебелина кај децата.", вели д-р Али Аббара, клинички постар професор по ендокринологија  на Кралскиот колеџ во Лондон.

Генерално, ограничувањето на непотребно изложување на хемикалии ако се избегне е разумно за да се избегне потенцијална штета, но во пракса ова може тешко да се направи, бидејќи тие се секаде присутни.

Кои се вашите мислење по ова направено истражување?
Дали навистина можеме да се заштитиме од хемикалиите кои се се поприсутни ?

Comments

Popular Posts