Pure & Care Snail Serum 30ml | Серум од полжав

Веројатно никогаш не гледате на трагите од полжави што ползат низ улица и сигурно никогаш не ви паднало на памет да сакате да ги ставите на вашето лице. Сепак, тоа може наскоро да се промени, кога ќе научите малку повеќе за оваа фасцинантна материја.




Масло од полжав или слуз од полжав - или повеќе технички познато како муцин на полжав, серум од полжав или филтрат од полжав - е една од моите омилени состојки во производите за нега на кожата. Можеби звучи језиво, но задржете ја таа мисла додека не научите повеќе.

Добив чудни погледи од пријатели и колеги кога им предложив да пробаат „лига од полжав“ на лицето, иако овој тренд е во Данска е веќе неколку години.

Во светски рамки, секрецијата на полжав се промовираше како анти-стареечки свет грал, помагајќи им на сè, од помлада, поцврста кожа до акни, па подлабоко се нурнав во литературата за да видам точно каде стои науката на секретите од полжави и нега на лицето.





Што може серумот од полжав да направи за вашата кожа?

Серумот од полжав може веднаш да ја збогати кожата со хидратација, без да ја остави мрсна. Може да ги намали брчките и да ја зголеми еластичноста на кожата и да ја забрза регенерацијата на кожата и да ја поправи оштетената кожа.

Серумот od полжави може поволно да се користи заедно со Серум од хијалуронска киселина (Hyaluronic Acid Serum), што ќе го забрза процесот да кожата стане мека, мазна и подмладена.

Серумот од полжав, кој се смета за природен антибиотик, ја чисти кожата и ги намалува акните и мозолчињата предизвикани од бактерии. Серумот од полжав ја задржува хидратацијата во кожата, така што кожата станува полна и еластична.


Што може да се очекува:
  • Овозможува хидратација и сјај на сува, оштетена и не негувана кожа
  • Значително ја зголемува еластичноста на кожата
  • Лековито дејство врз акни, мозолчиња, лузни и збрчкана кожа.
  • Ја остава кожата мазна и еластична
 

АКТИВНИ СОСТОЈКИ:

Snail secretion filtrate: ја хидрира, лечи и ја балансира кожата. Содржи комплексен коктел од гликопротеински ензими, хијалуронска киселина, бакарни пептиди и антимикробни пептиди кои имаат анти-стареечки ефекти врз кожата.

Sodium Hyaluronate: ја зголемува содржината на влага во кожата, спречува воспаление и помага на кожата да ја задржи хидратацијата. Дејствува како заштитен сунѓер на кожата задржувајќи ја хидратацијата одржувајќи ја кожата полна, хидрирана и еластична.

Portulaca Oleraca Extract: познат растителен екстракт кој се користи во корејската традиционална медицина и ефикасно лекува инфекции и иритација на кожата. Откриено е дека е едно од најбогатите зелени растенија кои содржат омега-3 масни киселини, NMF, каротин, минерали и антиоксиданти кои сите имаат антиинфламаторни и антиоксидантни способности.

Glycerin: природен навлажнувачки крем кој исто така се наоѓа во нашата кожа, ова е честа и безбедна состојка што постои во козметиката многу години. Работи на одржување на липидите помеѓу нашата кожа што ја прави здрава, што резултира во заштитена и силна бариера на кожата.

Plant and flower extract:  Додава хидратација на кожата. Содржат антиоксиданти, кои помагаат во измазнување на фините линии и брчки, и делува како бариера што спречува предвремено стареење на кожата.

Amino Acids: Помагаат да се врати видливото оштетување на кожата, ја смируваат кожата и имаат антиоксидантни својства, ја штитат кожата од штетни материи, ја зајакнуваат површината на кожата и ги намалуваат фините линии и брчките.

Овој серум не содржи силикони, алкохол и масла.





Како да се користи

Користете како дел од дневната и ноќната рутина за нега на кожата. Нанесете на исчистена кожа и потоа нанесете хидратантна крема.


Не сакани дејсва 

Иако не постојат јасно документирани ризици од употреба на секрет од полжав, би предупредила да не пробувате верзија на секрет од полжавите „направи сам“! Без соодветна контрола и санитарни услови, може да добиете повеќе отколку што би се ценкале (на пример, бактериска инфекција). Затоа, немојте да зграпчувате полжави од вашата градина и оставете да ви се лизгаат по вашето лице. И, се разбира, со кој било нов козметички производ, прво тестирајте мала количина на производот за да видите како реагира вашата кожа.


Како се добива секреција од полжав?

Полжавите се ставаат во специјална машина, а потоа создаваат слуз. Откако ќе произведат слуз се враќаат на специјализирани фарми за полжави. По обработката, тие треба да бидат на фармата околу два месеци за да можат да јадат и повторно да бидат силни. Овој процес не им штети на полжавите, но тие треба да бидат во можност да ја „регенерираат“ пост-екстракцијата, за да можат да произведат повеќе секреција.

Краток историјат 

Наводно, секретот од полжав се користел уште во античка Грција, за помагање на болести во телото, како варење или кашлица, како и надвор од телото за воспаление на кожата.

New York Magazin вели дека „полжавите први биле препишувани во античка Грција како локален третман за намалување на воспалението, и тие почнале да се влеваат во креми и еликсири во Јужна Америка кога земјоделците кои управувале со ескаргот на пат кон Франција забележале дека нивните раце изгледаат помлади и помазни.‘‘

Денес, Јужна Кореја го отвори патот за производи од полжави, кои оттогаш се зафатија во САД и Европа. Тие вклучуваат серуми од полжав, лосиони, креми и многу повеќе. Некои места во Тајланд, Азија и Европа дури нудат третмани со живи полжави, каде што тие ползат низ лицата на клиентите.


Заклучок: Дали козметиката базирана на секрет од полжав вреди за парите?

Како и со многу производи во козметиката, не постојат силни научни, рецензирани откритија кои покажуваат чудотворна моќ или свет грал на нега на кожата што може да го запре во целост стареењето на кожата. Сепак, се чини дека секретот (лигите) од полжав вреди да се испроба како и сите други хидратантни креми на високо ниво на протеини (на пример, јајца), само проверете дали имате висококвалитетен производ и не трошете премногу пари само за проба.

Ова е само еден од неколкуте испробани производи (и достапен) од полжави.

Цена: +-900 денари.

Количина: 30 мл.

По отворање производот може да се користи 3 месеци.


Доколку сакате да направам друга рецензија на производи од секрет од полжави ве замолувам да ми пишете.

Comments