Чистење на лицето со масла

Решив да пробам еден метод за чистење на лицето со масла.

Има многу продукти за чистење на кожата како: сапуни, тонери, навлажнувачи за кожа... Сум пробала многу, но ме импресионирал некој одреден производ. 

Како функционира овој маслен метод?

Нашата кожа природно произведува и лачи масло, себум, затоа што тоа и е потребно. Себумот помага за навлажнување на кожата и ја заштитува за да може правилно да функционира за да биде чиста и убава.



Маслото не може да предизвика флеки на кожата како мозолчиња, 
црнки и белки кои се предизвикани од неколку фалтори како прав, хормони, мртви клетки на кожата и бактерии.

Еден од најпознатите хемиски принципи е ‘‘сличното се раствора со слично’’. Па кога ќе се ичисти вашето лице со масло, во суштина она што го правите е всушност чистење на лицето без да стане мрсно. 

Кои масла се најдобри ?

Да започнеме со рицинусовото масло. Ова масло ќе ги исчисти вашите пори од нечоститотијата со која се полнат, плус тоа ова масло има антибактериска природа. Можете да го набавите во сите аптеки и маркети.

Следно, масла кои се разликуваат според типот на кожата на која одговараат:

Маслиновото - сите типови на кожа
Сончогледово масло - сите типови на кожа
Авокадо - сува и стареењето на кожата
Јојоба - сите типови на кожа, но многу пожелно за акни-склони кожата
Сладок бадем - сите типови на кожа, особено мрсна
Кајсиева јатка - сува, стареење, и нормална кожа

Соодност на маслата:

Мрсна кожа: Користете 2/3 рицинус до 1/3 било какво масло според типот на кожата . (За една апликација: измерете од 2 лажички рицинусово масло и 1 лажичка било какво масло според типот на кожата.)

Нормална кожа: Користете еднакви делови рициново масло и било кое друго масло според типот на кожата. (Мерење на 1-1 / 2 лажиче рициново масло и 1-1 / 2 лажиче било кое масло.)

Сувата кожа: Користете 1/3 рициново масло и 2/3 било кое масло. (Повторно, 2 лажички било кое масло и 1 лажичка масло од рицинус.)

        Елена 

Comments