Dior Star Foundation




Според мене ова е една од најдобри течни пудри кои можете да ги најдете на пазарот.

Доколку сте во можност ви ја препорачувам да ја пробате, цената е висока за разлика од останатите течни пудри.
Вреди за секој денар кој го платив за неа и верувам дека нема и вие да се покаете за секој денар што ќе го дадете, доколку се одлучите да ја купите. Ако немате можност ви препорачувам да отидете во некоја добро снабдена парфимерија и да пробате од тестерот.

По само првото нанесување воочив разлика од останатите течни пудри.

Оваа течна пудра во себе содржи SPF фактор 30, што значи дека обезбедува висока заштита од сонцето. Многу е долготрајна и не ја менува структурата, ја имам носено до 24ч. На 12ч нанесување  моето лице изгледаше исто како кога ја нанесов. Има свиленкаста структура и лесно се разнесува, па крајниот резултат е нежен беспрекорено природен мат финиш без да ја чусвувате и да изгледа тешко на кожата. 
Само еден слој е доволен за да добиете добра покривност на местата кои ви се проблематични ( на пример доколку имате акни или лузни ). Со два слоја нанесување се добива висока покривност. Јас имам сува до нормална кожа , покрај усните кожата ми е по темна а јаболчниците ми се секогаш црвени, но кога ќе нанесам само еден слој сето ова го снемува. 
Исто така, морам да споменам дека мириса пријатно, но и покрај тоа, не ги иритира очите (јас секогаш нанесувам во пределот околу очите).
Досега откако ја имам само оваа течна пудра ја користам и не ја менувам за ниту една друга. 
Моето лице изгледа свежо и хидрирано секогаш кога имам од неа нанесено и покрај тоа што понекогаш заборавам да нанесам подлога пред пудрата.

Доколку се решите да ја купите достапна е во 15 нијанси, така што не треба да се плашите дали вашата нијанса на кожа ја има. Амбалажата е стаклена тегличка со пумпица. Диор завршиле навистина добра работа за пумпицата, бидејќи можете да ги испумпате најмалите количини, онолку колку што ви треба.  Количината на оваа течна пудра е 30 ml. Мојата нијанса е “Ivory 010".


Доколку сакате да видите целосен туторијал пишете ми во коментар.

      Елена 

Comments