MEIS Cosmetics

Денес сакам да го искажам моето мислење за MEIS Cosmetics сенките за очи и руменилата.





Претходно никогаш немав слушнато за козметиката на MEIS, па затоа решив да пробам и тестирам. 

За прв пат со овoј бренд се сретнав пред половина година, кога бев во потрага по ефтина палета со сенки за очи и случајно ми беше препорачана и се решив да ја купам бидејќи цената беше околу 150 денари.

Ќе започнам со позитивните страни на овие палети.
Најпрво нешто што многу ми се допадна кај овие сенки е тоа што се многу пигментирани, (особено темните нијанси), одлично се сенчаат и одлично се соединуваат со други сенки/пигменти за очи. Во палетите има топли и ладни тонови.  Пакувањето е направено од пластика со транспарентен капак само на делот каде што се наоѓаат сенките/руменилата, така што не треба да ја отворате палетата за да погледнете какви нијанси се наоѓаат во неа. За ненесување на сенките во пакувањето се наоѓа двостран сунѓерест апликатор, со што можете да нанесете 4 различни нијанси. Јас не ги сакам многу сунѓерестите апликатори, но во ред е тоа затоа што може само да се нанесе пигментот со нив (но не и да се исенча). Исто така на палетите ги пишува состојките од кои се направени (прочитајте подолу) и не се тестирани на животни.

Негативните страни се што се многу прашкасти (ако може така да се изјаснам) и светлите бои кога ќе ги сенчате воопшто не се познаваат. За овој проблем јас најдов решение како да ги користам: Најпрво на очниот капак нанесувам подлога за сенки, потоа на четката нанесувам фиксатор за шминка, земам од пигментот и нанесувам во пределот на окото каде што сакам да биде таа нијанса. 
Овој бренд се произведува во Кина, на пакувањето е наведено како P.R.C. 

Еве ги палетите кои што јас ги поседувам.



MEIS KIT 01




Во оваа палета се наоѓаат 24 (од 1 до 24) сенки и 4 (од01 до 04) руменила.
Количина: 30g


Еве како изгледаат сите нијанси од оваа палета на мојата рака.




MEIS EYESHADOW 03

8 сенки за очи
Количина: 15,85g 


Еве како изгледаат на мојата рака.
Често од оваа палета ги мешам нијансите 1(жолтеникава) и 5 (бела) за да ги покријам моите подочници и навистина одлично изгледа оваа комбинација и примена. 
Сигурно сте виделе во едно од моите туторијали дека ја употребувам оваа палетата.





MEIS  BLUSH 06

2 нијанси на руменила
Количина: 10,5g



Состојките од кои се направени сенките и руменилата е за сите ист:
-Talk, Mica, Magnesium, Stearate, Kaolin, Dimethicone, Isopropyl Myristate, Caprylic/Capric Trigyceride, BHT
Можно е да содржат: C177891, C177491, C177499

Јас досега не сум имала никава алергиска реакција од нивното користење, ниту на очите ниту на кожата, иако се произведени во Кина, но доколку имате многу чуствителна кожа прво тестирајте на раката каде што кожата е многу чуствителна и почекајте 24ч да поминат доколку не ви се појави никакво црвенило или брунче вие можете да ги користите овие производи. 


За на крај мојата оценка за производите од MEIS Cosmetics кои јас ги пробав од 1 до 10 е 6. 


Се надевам дека ова ви беше од помош доколку се размислувате за купување на некој производ од овој бренд. 


          Елена 

Comments