Silk’n Glide™ 30.000

Здраво на сите !

Овој пат малку поинаков пост на мојот блог наменет и за двата пола. Се надевам дека ќе ви биде корисен.

Мене навистина не ми се допаѓа отстранување на влакната од телото со  депилација со восок или шеќерна паста  бидејќи се многу болни, а со бричење или со креми, влакната растат многу брзо особено најголем кошмар за нас жените се летните денови кога треба да се појавиме на некое јавно место (замислете особено кога се возите со јавен транспорт и треба да стоите и да ги кренете рацете за да се задржите на едена од оние рачки за да бидете стабилни и со тоа малку се ѕиркаат штотуку подраснатите влакненца под пазувите! Оф Неееее! Ужас! )

Јас имам читано за различни методи на долгорочно отстранување и намалување на влакната и решив да го пробам за прв пат Silk’n Glide™ епилатор кој работи на  HPL ™ (Home Pulsed Light™) принцип на брз сноп светлина која ги гори влакната од коренот (некои го нарекуваат и фото депилација). Депилаторот кој јас го поседувам обезбедува 30.000 пулсеви. Денес сакам повеќе да ве запознаам со начинот на употреба, резултатите и моето искусво.


Пред да започнам со мојата рецензија сакам да ви ги наведам условите за користење на апаратот.



Од упатсвото за користење на Silk’n Glide™ :

Наменска употреба:
Silk’n Glide™ 30.000 е наменет за отстранување на несакните влакна на долг период или за трајно отстранување на било кој дел од телото. Трајното отстранување на влакната е дефиниран како долгорочен третман за намалување на влакната во зависност од нивниот број и дебелината.

Идеални делови на телото за употреба на Silk’n Glide™  се вклучуваат пазуви, бикини линијата, рацете, нозете, лицето, грбот, рамената и градите.

Безбедноста со Silk’n Glide™ :
Со Silk’n Glide™  Безбедноста е на прво.

Silk’n Glide™ работи на HPL ™ (Home Pulsed Light™)  технологија со супериорна безбедност на пониско ниво енергија:
Home Pulsed Light™ е во можност да постигне долгорочни резултати отстранување на влакната со мал дел енергија. Ниското ниво на енергија употребено во Silk’n Glide™ го намалува нејзиниот потенцијал да предизвика штета или компликации и придонесува за вашата целокупна безбедност.
HPL ™  технологијата е изведена од IPL (Intense Pulsed Light) и се смета за неговата матична верзија. 

Silk’n Glide™ ја заштитува вашата кожа:
Отстранувачот на влакна базиран на принцип на брз сноп светлина не е погоден за природно потемни тонови на кожа или за исончана кожа.
Silk’n Glide™ доаѓа со вграден СЕНЗОР ЗА БОЈА НА КОЖА  кој е дизајниран да го одреди тенот на површината за примена на почетокот на секоја сесија и повремено во текот на следната и  осигурува дека импулсите ќе се емитуваат само на соодветни тонови на кожата. Оваа уникатна карактеристика за безбедност нема да дозволи да се третира местото  каде вашата кожа е премногу темна или исончана.
Понатаму, 3cm² ПОВРШИНА ЗА ТРЕТМАН вдлабнат во внатрешноста на уредот преку кој пулсевите на светлина се испраќаат. Ова овозможува заштита на вашата кожа преку избегнување на директен контакт меѓу ПОВРШИНАТА ЗА ТРЕТМАН и кожата.

Silk’n Glide™ ги заштитува вашите очи:
Silk’n Glide™ има вградена функција за безбедност на заштита на очите. Таа е дизајнирана така што пулсевите на светлина не може да се испуштаат кога ПОВРШИНАТА ЗА ТРЕТМАН се соочува со отворено. Функцијата за безбедност овозможува третман само кога ПОВРШИНАТА ЗА ТРЕТМАН е во контакт со ткивото.

Контраиндикации, можни резултати и безбедносни совети:


  •  Silk’n Glide™ не е наменет за сите. Отстранување на влакна со ласер или интензивни пулсови на светлина може да предизвика зголемување на растот на косата кај некои поединци. Врз основа на моментално достапните податоци, на највисоко ризичните групи за овој одговор се жени на Медитеранот, Блискиот Исток и Јужна Азија кои направиле третмани на лицето и вратот.
  • Третирањето на темна кожа со Silk’n Glide™ може да резултира со негативни ефекти, како што се црвенило и непријатност на кожата, се препорачува да се користи за само светол тен на кожа.
  • Не го користете Silk’n Glide™ на ниво на енергија од 2 до 5 на исончана кожа или по неодамнешни изложување на сонце (вклучувајќи и солариум или средсво за самопотемнување). Третирањето со нивото на енергија 2-5  пред или по било изложување на сонце може да резултира со несакани ефекти како што се црвенило на кожата и непријатност. Сончана кожата особено по изложување на сонце, содржи големи количини на пигментот меланин. Ова важи за сите типови на кожа, вклучувајќи ги и оние кои не добиваат брзо тен . Присуството на големи количини на меланин во кожата изложува на поголем ризик при користење на било кој метод на отстранување на влакна базиран на светлина.
  • Не изложувајте ги третираните области на сонце, ако имате користено било кое ниво на енергија поголема од најниската. Избегнете изложување на сонце за 4 недели пред, и после 2 недели oд вашиот третман! Директното изложување на сонце на повеќе од 15 минути предизвикува незаштитеност од директна сончева светлина, исто така изложување индиректно на сонце што значи ако не сте изложени директно на сончевата светлина повеќе од еден час предизвикува незаштитеност на вашата кожа исто така. За да ја заштите неодамна третираната кожа, пред да се изложите на сончева светлина, бидете сигурни дека темелно сте нанеле крема за сончање со SPF 30 или повеќе, за две недели по секоја сесија третман. Најниското ниво на енергија -1 на Silk'n Glide ™ е дизајнирано спрецијално за безбедно користење, дури и по изложување на сонце. По изложување на сонце може да продолжи да се  користи,  но само на најниско ниво на енергија -1.
  • Никогаш не користете Silk’n Glide™ околу или во близина на очите. Ако правите третман на лицето, треба дополнителна претпазливостда се користи за да се избегнат очите.
  • Не третирајте на тетоважи или трајна шминка, темно кафеава или црни дамки, (како што се големите пеги,  младежи, молови или брадавици), брадавиците, гениталиите или усни, затоа што може да резултира со несакани ефекти како што се изгореници, плускавци, и промени на бојата на кожата (хипер или хипопигментација). Ако имате некои од наведните примери, за безбедност покријте ја третираната област со бело платно или медицинска лента за да ги спречите зраците кои можат да доведат до оштетување и несакани последици како што се изгореници и промена на бојата на кожата.
  • Бидете претпазливи ако имате активен егзем, псоријаза, лезии, отворени рани или инфекции на кожата предизвикани од системска и метаболични болести (дијабетес, на пример), затоа што со користење на епилаторот можете да предизвикате реакции на сензитивнната кожа. За безбедност започнете да го користите епилаторот откако раните ќе се излечат и вашата кожа ќе биде потполно здрава.
  • Не третирајте со Silk’n Glide™ ако сте бремени или доите. Хормоналните промени во текот на бременоста може да ја зголеми чувствителноста на кожата како и ризикот од несакани ефекти.
  • Не ги  третирајте  областите каде што можеби ќе сакате косата да расте, бидејќи резултатите може да бидат трајни.
  • Чувајте го Silk'n ™ Glide подалеку од вода и влага! Не ставајте го и не чувајте го, каде што може да падне, да се турне или да се најде во близина на када, мијалник или кои било други садови кои содржат вода, доколку ви падне а е поврзан веднаш исклучете го.

Избегнувајте користење на Silk'n Glide ™ ако се однесува на било кое од
следново :
  • Историја на формирање келоид лузна.
  • Ако страдате од епилепсија.
  • Ако имате болест поврзана со фотосензитивност, како што се порфирија, осип, соларна уртикарија, лупус, итн.
  • Доколку имате историја на рак кожата, или области на потенцијалени малигни заболувања на кожата.
  • Ако сте примиле радиотерапија или хемотерапија третмани во последните 3 месеци.
  • Ако имате било каква друга состојба која според мислењето на вашиот лекар ќе јанаправи небезбедна за користење.
  • Ако вашата кожа беше третирана со лекарства во рамките на последните 6 месеци, консултирајте се со вашиот лекар.
Ако овој уред е наменет за вас, ќе мора најпрво да ги ибричите местата каде сакате да направите третман (насекаде, вклучувајќи го и лицето). Не користете восок или било каков друг вид депилација, бидејќи во спротивно вашите влакна ќе растат побрзо.
Започнете да го користете нивото на енергија кое е најпогодно за вас.
Ве молиме запомнете дека поостри влакна ќе треба подолго време да се отстранат, едноставно мора да бидете трпеливи.

Мојата рецензија се базира на користење на овој уред на период од 2 недели само на долниот дел од нозете, рацете и пазувите, област на која имам црни и остри влакна.

Значи прво јас ги бричам деловите и се осигурувам дека тие се чисти и суви. Потоа го поврзувам уредот со приклучокот и го поврзувам на ѕидниот штекер. За да започне уредот да работи треба да се задржи копчето каде се испишани нивоата на енергија (од 1 до 5) и потоа ќе слушнете одреден старт на моторот (нешто како звук од фем за сушење коса) и ќе осетите ладен воздух кој ќе дува во текот на целата сесија (ова е за да го лади уредот и вашата кожа).
Потоа зеленото светло кое ќе почне да кружи околу нивоата на енергија додека не одберете едно од нив. Кога апаратот ќе дојде во контакт со кожата светлото за сензорот за боја на кожа почнува да трепка и тоа значи дека може може да започнете со третирање на одбраното место, но доколку површината за третман не лежи убаво на кожата нема да дозволи да се користи уредот и светлото за сензорот за боја на кожа не се исклучува, постојано свети (прикажано на сликите).

За прв пат кога започнав да го користам, јас го одбрав нивото на енергија 1, бидејќи според упатсвото е наведено како најсигурно и сакав да видам дали овој апарат е наменет за мене.

Мене ми беа потребни 15 минути за секоја нога посебно, 6 минути за секоја рака и околу 1 минута за пазувите. 
Во текот на целиот третман јас не чуствував никаква болка ниту пак кожата ми се вцрвени.
Потоа чекав да поминат 2 недели (како што е наведено во упатсвото) и потоа пак го повторував третманот.



Ве молам не паѓајте во искушение за да го користете апаратот пред одредениот рок од 2 недели бидејќи може да го стимулира растот на вашите влакна со што ќе доведе до екстра раст на влакната.


Користењето на овој уред е најдобро во есен и зима кога сончевите зраци се минимални и исто така можете да го носите со вас доколку патувате.

Како функционира- снопот на светлина се спушта во влакното и ги собира фоликулите на влакната. Па со текот на времето, растот на влакната е сведен на минимун, но бидејќи сите сме различни, резултатот ќе варира кај секој поединечно.

За вториот пат на третманот, решив да го зголемам нивото на енергија и јас го одбрав највисокото 5,но ми беше потребно повеќе време за разлика од првиот третман бидејќи во зависност од нивото на енергија кое се користи, брзината за испуштањето на пулсевите е во интервал помеѓу 1,5 секунди до 3,5 секунди.

Во текот на следните 2 недели (по вториот третман) јас се избричив еднаш и потоа кога дојде време за следниот третман јас приметив дека влакната се многу ретки и слаби, скоро и не пораснати.

До сега сум многу задоволна од првичните резултати и ќе продолжам да го користам ова апаратче, па доколку сакате да го споделам крајниот резултат со вас известете ме!


Па девојки, доколку го имате овој апарат или сте со намера да го набавите можете да го споделите со вашиот партнер и заедно да се збогувате со несаканите влакна.

Со ова апаратче јас веќе заштедив многу пари, со тоа што не посетив козметички салон, но и проблемот со поткожни влакна веќе полека исчезнува.
Јас дефинитивно го препорачувам ова апаратче, видов фантастични резултати во период од 2 недели користење и ќе го користам се додека не се ослободам од несаканите влакна.

 Елена 

Comments