TRESemme Moisture Rich Shampoo


Здраво девојки, како сте? Денес Ви спремив пост за производ за коса од кои добив многу големи резелтати за кратко време.
Постојано бев во потрага по некој навистина добар шампон кој ќе ја врати во живот моја многу оштетена коса од бланширање, фарбање, пеглање...
и ќе и  даде хидратација, еластичност и сјај. Ахх… толку многу испробани природни и хемиски маски за коса, најразлични шампони, регенератори, масла… со кој добив многу мал резултат.

Доколку имате сува и оштетена коса како мојата овој пост е за вас.

Денес ќе ја читате мојата рецензија за TRESemme Moisture Rich Shampoo кој го користам веќе две недели. Незнам колку од вас се запознаени со овој бренд. Јас со овој бренд сум запознаена оддамна, првиот производ што го имав пробано беше кератинско масло за коса- нешто преубаво, повторно би го купила.
Доколку ве интересира овој  производ од овој бренд продолжете да читате.

Опис на производот: TRESemme Moisture Rich Shampoo ви овозможува целосна хидратација и сјај на сувата коса. Создаден е за секојдневна употреба со навлажнувачки систем со витамин Е, кој помага влажноста и сјајот да се задржи во влакната со цел да се обнови сувата и оштетена коса и да стане мека, нежна.

Употреба
Чекор 1: Нанесете од шампонот на влажна коса во однос колку што ви е потребно според должината на вашата коса. За многу кратка коса 1ml, средна должина на коса 2.5ml и долга коса 4ml.
Чекор 2: Нежно масирајте го скалпот со прстите додека не се створи пена.
Чекор 3: Исплакнете го шампон така што лесно ќе ја исцедувате косата од коренот кон врвот.
Чекор 4: Завршете го третманот со регенератор за коса по можност од истиот бренд за позначајни резултати.

Пакување: Формулата е сместена во едноставно црно шише со капаче на навој изработена од пластика.


Мирис, боја и густина: По самото отворање на шишето се забележува чист, свеж мирис, кој е малку повеќе женствен. Не содржи цветни или пак овошни мирисни ноти, така што можат мажи и жени да го користат. Формулата е многу густа и има млечно/свиленкасто боја која поради густината малку потешко излегува од пакувањето.

Количина: 100 ml, но можете овој шампон да го најдете и во пакување од 250ml, 740ml и големо пакување од 946 ml. Овие шампони (и останатите производи) се дизајнирани по пример на производите кои што ги користат салоните за убавина, така што доколку го купите големото пакување ќе го користите премногу долго.

Типови на коса: Сува и оштетена.
Според официјалниот сајт на TRESemme понудени се 17 видови на шампони според типот на коса и негова намена, што значи дека 100 % можете да си го пронајдете шампонот кој најмногу ви одговара.

Цена: ~180 МКД за 100 мл или 1л = ~1.800 МКД.

Произведено во: Англија, Лондон

Потекло на производот: САД


Состојки: Состојките се испишани на пакувањето така што немате потреба да пребарувате.

Water (aqua), sodium Laureth Sulphate, Cocamidopropyl Betane, Sodium Chloride, Dimethiconol, Fragrance (Parfum), Glycerin, Carbomer, Styrenen/Acrylates Copolymer, Guarhydroxypropyltrimonium Chloride, Tea-Dodecylbenzenesulfonate, Citric Acid, Glycol Distearate, Tocopheryl Acetate, Ascorbic Acid, Panthenol, Niacinamide, Biotin, Cocamide Mea, tetra Sodioum EDTA, Dmdm Hydantoin, Peg-45M. PPG-9, Polysorbate 20, Methylchloroisothiazolinone, Methylisothiazolinone, MICA (CI 77019), Titanium dioxide (CI 77891).

IMBB (Institute of Molecular Biology and Biotechnology ) Оценка: 4.5/ 5

Искуство: Моето искусво со овој шампон за коса е како никогаш до сега. Првиот пат кога го употребив осетив дека мојата коса доби хидратантен ефект и мала сјајност кој траеше до последниот ден на следниот третман. Кога го направив следниот третман загарантираните резултати веќе се приметуваа. Поголем сјај, хидратација и мекост, прекрасен мирис и кога ја допирав косата воошто не ја осеќав оштетена што тоа не беше случај претходно. Исто така, приметив дека опаѓањето на мојата коса се намали иако тоа не е наведено во резултатите (може да биде кај секој различно најчесто поради комбинацијата на останатите препарати за коса и здравствената состојба). Кога го направив  третиот третман резултатите станаа уште по приметни.

Добри страни на TRESemme Moisture Rich Shampoo:
♡ Хидратантен ефект уште по првиот третман кој трае цел ден.
♡ 70% луксузена хидратација на сувата и оштетена коса, останатите 30% може да се постигнат со хидратантен балсам или спреј за коса.
♡ Ја прави косата нежна, свиленкасто мека и полна со сјај.
♡ Косата ја прави лесна- не се чусвува тежината на косата, што тоа и баш не е пример со другите шампони.
♡ Го намалува опаѓањето на косата.
♡ Потребна ви е многу мала количина ( за долга коса скоро 4ml за едно миење, што значи 100ml=25 миење) од производот за да ја измиете косата.
♡ Лесно се плакне, така што не треба да се мачите многу за да ја исплакнете косата.
♡ Прекрасно мириса.

Лоши страни на TRESemme Moisture Rich Shampoo:
♢ Достапноста е голем проблем.
♢ Цената е висока за да може секој да си го набави.

Дали би го препорачала TRESemme Moisture Rich Shampoo:
Да, дефинитивно.

Дали би го купила повторно TRESemme Moisture Rich Shampoo:
Да, се разбира дека повторно би го купила иако цената е по висока во однос на другите шампони кои се понудени на пазарот резултатот со овој шампон е  загарантиран.

Тоа е се од мене денес, се надевам дека уживавте во овој пост и дека ви беше корисен. Известете ме доколку имате некакви прашања што не ги опфатив во овој или некој од претходните постови.

● Дали имате некоја препорака за некој производ за сува и оштетена коса од кои сте задоволни?
● Дали имате пробано некој од производите на TRESemme ?
● Кое е вашето мислење за овој/овие производи?
Би сакала да ги слушнам вашите мислења.

Секое добро, Ви посакувам да имате лесни работни денови во остатокот од  неделата !

     Елена 

Comments