(Целосен) Романтичен изглед за денот на виното и љубовта



Се ближи еден од најромантичните денови во годината. Многу од девојките веќе размислуваат како да го изненадат своето момче за Денот на виното и љубовта. Се мислите како да се нашминкате за да го изненадите вашиот сакан. Погледнете го овој целосен туторијал кој го креирав за да ви дадам идеа и ви откријам неколку трикови кои ги користат професионалните шминкери, се надевам дека ќе ви биде од помош.



Нема да дискутираме дали треба да го славиме Валентин или Св. Трифун, туку ќе ви Ви предложувам исклучително романтичен изглед кој лесно ќе може да го направите за да изнудите воздишки од вашата сакана личност.

Во еден ваков еуфоричено важен ден за вас, сигурна сум дека рацете ви се тресат од возбуда, па затоа најдобро е најпрво да почнете со шминкање на очите, а потоа лицето. Но, најбитно од се е најпрво пред да го започнете изгледот секогаш да нанесувајте подлога во зависност од типот на вашата кожа (сува, нормална, комбинирана или масна). Подлогата за шминка е многу важна, бидејќи од неа зависи долготрајноста на шминката, крајниот изглед и пред се  помага течната пудра да изгледа беспрекорно. Нанесете ја подлогата на челото, носот, брадата, образите и очите, потоа разнесете ја со прстите, бјути сунѓерче или четка се до нејзиното впивање во кожата. Користете подлога на очите за да ја омекнете кожата и измазните за да може сенката и тушот за очи да траат долго, лесно да се нанесат и исенчаат без многу мака и напор.

Откако ја нанесовте подлогата, следен чекор е да ја нанесете базата за очи. Како база можете да користите течна пудра или коректор за очи. Базата помага сенките за очи да си го задржат пигментот без да изгледаат бледо кога ќе ги исенчате- ја задржува бојата на сенката.
Веѓите се најдрагоцен украс на лицето, затоа дефинирајте ги веѓите, нивната форма, должина и густина во зависност од нивниот природен изглед или едноставно само исчешлајте ги.
Сетот за веѓи во прав можете да го искористите како сенка за очи, најсветлата нијанса нанесете ја на браздата на капакот, додека потемната на надворешното “V” на окото со четка за сенчање и убаво исенчајте ги нијансите за  да создадете по пријатен премин на нијансите.

Хајлајтерот исто така можете да го искористите како сенка за очи нанесувајќи го низ целиот очен капак со најстарата алатка за шминкање- прстите. Следен чекор е да нанесете сенка во вино боја, нанесувајте го пигментот постепено на пола очен капак со рамна четка, потоа сенчајте. На крајот од горната линија на трепките кон надворешното “V” на окото со врвот од рамната четка, со која претходно ја нанесовме сенката во вино боја, постепено нанесете сенка во темно сива сенка, а потоа со чиста четка исенчајте ги двете нијанси, доколку е потребно повторно нанесете некоја од двете сенки. Со остатокот од пигментот на четката поминете низ долната линија на трепките. На аркадата и на солзениот канал нанесете сенка во бисерна нијанса со прстот и потоа исенчајте. Следен чекор е да нанесете тенка линија гел туш за очи во темно кафена нијанса со мала аголна четка на горната линија на трепките кон надворешното “V” на окото, тоа што останало на четката нанесете го на водната линија на окото. Нанесете малку од руменилото (во розева нијанса) во делот помеѓу аркадата и браздата на капакот, ова е тајната на шминкерите како целиот изглед совршено да се усогласува. На крај нанесете ја вашата омилена маскара за очи, а потоа со чиста четкичка од маскара отстранете го вишокот маскара од трепките со што ќе им дадете по природен изглед и ќе ги раздвоите една од друга трепките. Опционален чекор кој можете да го примените е да нанесете вештачки трепки со природен ефект.

На ред е шминкање на лицето затоа најпрво нанесете коректор под очите во форма на тријаголник и тапкајте го со прст се до неговото изедначување, потоа нанесете ја вашата омилена течна пудра за лице почнувајќи со нанесување од брадата кон челото. Следен чекор е да нанесете руменило во розева нијанса на јаболчниците со кружни движења на четката, а потоа нанесете хајлајтер веднаш над руменилото, на врвот од носот, над усните, на брадата и во пределот над лакот на веѓата со што ќе добиете природен здрав сјаен изглед. И за на крај завршете го целиот изглед со кармин во розева нијанса.

Погледнете го видеото за да ви стане појасен целиот изглед.


Производите кои ги користев за овој изглед се лесно достапни и сметам дека ги имате во вашата торбичка со шминки.


Елена  

Comments