Eva Longoria 73 Golden Globe Inspired Makeup look




Пред околу еден месец беа Златен Глобус наградите, каде сите изгледаа прекрасно.

Ева Лонгорија за 73-тото издание на наградите за Златен Глобус се појави со темно зачадени очи, екстремно долги лажни трепки и неутрални мат светло розеви усни. Елан Бонџорно (селебрити шминкерка) го креираше нејзиниот изглед и производите што таа ги  употребила не се наведени, но во секој случај изгледаше извондредно. Инспирирана од нејзиниот изглед, јас ќе се обидам да го постигнам. Ова всушност е мојот прв туторијал инспириран  од славните личности. Се надевам дека ќе го доловам изгледот на Ева. Па, да започнеме.

Сите знаеме дека познатите личности се грижат претерано многу за својот изглед, прават најразлични третмани така што ја одржуваат својата кожа здрава, сјајна и беспрекорна. Затоа никогаш не ги избегнувајте дневните и ноќните креми во зависност од вашата воздраст и тип и употребувајте маска за лице 2 пати неделно во зависност од вашиот тип на кожа.

Ова мислам дека ви го кажувам по стотти пат, но пак ќе ви повторам: Најбитно од се е најпрво пред да го започнете изгледот секогаш да нанесувајте подлога  во зависност од типот на вашата кожа (сува, нормална, комбинирана или масна).  Подлогата за шминка е многу важна, бидејќи од неа зависи долготрајноста на шминката, крајниот изглед (особено доколку сакате да добиете беспрекорен изглед) и пред се  помага течната пудра да изгледа беспрекорно. Нанесете ја подлогата на челото, носот, брадата, образите и очите, потоа разнесете ја со прстите, бјути сунѓерче или четка се до нејзиното впивање во кожата. Користете подлога на очите за да ја омекнете кожата и измазните за да може сенката и тушот за очи да траат долго, лесно да се нанесат и исенчаат без многу мака и напор. Јас немам потреба од прајмер, но доколку вие имате слободно нанесете го по нанесувањето на подлогата.

Веѓите на Ева беа добро дефинирани, јас се одлучив за благо дефинирање, вие можете да го прескокнете овој чекор или да ја дефинирате нивната форма, должина и густина во зависност од нивниот природен изглед или едноставно само да ги исчешлате.
Откако ја нанесовте подлогата и ги дефиниравте веѓите, следен чекор е да ја нанесете базата за очи. Како база можете да користите база за сенка за очи, течна пудра или коректор. Базата помага сенките за очи да си го задржат пигментот без да изгледаат бледо кога ќе ги исенчате- ја задржува бојата на сенката.

Најпрво ќе започнам со шминкање на очите.

Според она што можев да го најдам на интернет како всушност изгледале нејзините очи, позади масивните екстремно долги трепки се крие зачаден туш со маслинеста нијанса, златна сенка низ целиот очен капак, на браздата на очниот капак е нанесена нијанса која содржи богат виолетов пигмент со мемливи светки, на солзениот канал има нанесено молив за очи во црна боја, на долната линија на трепките има нанесено комбинација од маслинова нијанса исенчана со златникаво-сребрен пигмен.

За да го доловам нејзиниот изглед најпрво на рамна четка измешав топло виолетова нијанса со сива нијанса (и двете мат сенки со сатенски финиш) и со врвот од четката ја нанесував постепено добиената нијанса на браздата на очниот капак, а потоа ја сенчав со чиста четка. Низ целиот очен капак со рамна четка нанесов златна сенка која има сатенски финиш, а потоа на линијата каде што се спојуваат двете нанесени сенки ги исенчав со чиста четка, за да не се познава каде почнуваат и каде завршуваат сенките. На горната линија на трепките нанесов црн течен туш извлекувајќи ја линијата не премногу дебелата и  долга во правец каде што завршува веѓата. Молив за очи во црна нијанса нанесов низ целата водна линија вкучувајќи го и солзениот канал. На долната линија на трпките постепено нанесував маслинеста нијанса (помешав темно зелена и светло зелена мат нијанса со сатенски финиш) за да го исенчам моливот за очи и зачадам тушот за очи и на крај нанесов на надворешното "V" на окото со што ги споив тушот за очи со нијансата на браздата на очниот капак и добив зачадан изглед. Потоа со врвот од рамна четка нанесов премногу малку сребрена сенка со светки и со лесно движење поминав низ долната линија на трепките, а потоа и со златна сенка која содржи светки (стик кремаста сенка) каде што претходно нанесовме маслинова нијанса за да го постигнам изгледот на Ева. Потоа нанесов маскара и вештачки трепки, се надевам дека нема да ми замерите бидејќи во тој момент камерата престанала да снима.

На ред е шминкање на лицето. Ева воопшто не изгледаше како да има контури на лицето, според сликите нејзината шминкерка течната пудра ја фиксирала со камена пудра (доколку имате сува или нормална кожа како мене не употребувајте), малку розево руменило и хајлајтер. Јас нанесов коректор под очите во форма на тријаголник и со четка го разнесував (или тапкајте го со прст или бјути сунѓерче) се до неговото изедначување за да ги покријам подочниците, потоа нанесов течна пудра за лице почнувајќи со нанесување од брадата кон челото (нанесете камена пудра врз течната доколку имате комбинирана- на Т зоната или масна кожа- цело лице). Следен чекор е да се нанесе многу малку руменило во розева нијанса на јаболчниците со кружни движења на четката, а потоа  хајлајтер веднаш над руменилото, на врвот од носот, над усните, на брадата и во пределот над лакот на веѓата со што ќе добиете природен здрав сјаен изглед како што имаше Ева. И за на крај за целосно постигнување на нејзиниот изглед завршете го изгледот со кармин или молив за усни во неутрална светло розева нијанса.

Погледнете го видеото за да ви стане појасен целиот изглед.


Производи кои ги користев:
1. Подлога: BIODERMA Sensibio Light и BIODERMA Sensibio Eye
2. Коректор: Aura Cover ME! Concealer 151 Beige
3. Сет за веѓи: Essence Eyebrow stylish set 01 Natural Brunette Style
4. Хајлајтер: Aura Highlighter 219 Golden Spice
5. Руменило: Aura Powder Blush 212 Cotton Peach
6. Вештачки трепки
7. Лепак за вештачки трепки: Aura Power Lashes Eyelash adhesive Clear Tone Waterproof
8. Маскара: Medina by GOSH
9. Туш за очи: BROOKLIN Eyeliner "Fine Line 01"
10. Течна пудра:  Lancôme TEINT MIRACLE Beige Doré 035
11. Сенките што ги користев се од палетата на  GOSH 22 Color Shadow, GOSH златна кремаста сенка и моно сенка ESSENCE Early Bird 07
12. Молив за очи: L'Oréal Color Riche Le Khol Midnight black
13. Молив за усни: Malena Pencil For Lips No. 503

Се надевам дека уживавте и ви се допадна овој туторијал.

 Елена  

Comments