(Лесна) Шминка за денот на жената 8-ми Март




Здраво дами, по повод светскиот ден на жената 8-ми Март ви спремив еден лесен туторијал. Се надевам дека ќе уживате и ќе научите нешто ново.
Како и секогаш, најбитно од се е најпрво пред да го започнете изгледот секогаш да нанесувајте подлога  во зависност од типот на вашата кожа (сува, нормална, комбинирана или масна).  Подлогата за шминка е многу важна, бидејќи пред се таа и ја дава потребната хидратација на кожата, ја храни и ја заштитува кожата од надворешните влијанија, а потоа од неа зависи долготрајноста на шминката, крајниот изглед (особено доколку сакате да добиете беспрекорен изглед) и помага течната пудра да изгледа беспрекорно. Нанесете ја подлогата на челото, носот, брадата, образите и очите, потоа направете мала масажа разнесувајќи ја со кружни движења на прстите.
Како и секогаш најпрво започнете со шминкање на очите. Низ целиот очен капак нанесете сенка во виолетова нијанса, потоа на на средината од очниот капак нанесете сенка во бисерно розева нијанса ова е еден  мал трик како би можеле да се нашминкате доколку имате само 2 сенки. На солзениот канал и аркадата нанесете  бела бисерна сенка, а на надворешното "V" од окото  нанесете темна виолетова сенка а потоа исенчајте со прстот.
За да ги направите очите визуелно поголеми и поотворени на водната линија на окото нанесете бел молив за очи.
Последен чекор од шминкање на очите е да нанесете маскара, но пред да ја нанесете задолжително извиткајте ги трепките за да ги подигнете од коренот, а тоа со четкичката од маскарата извлечете ги трепките од работ на окото кон врвот со што ќе создадете пошироко отворени очи, а трепките ќе добијат должина  и густина.
Шминката на лицето држете ја на минимално ниво, поточно нанесете ја само вашата омилена течна пудра.
И за завршување на целиот изглед се разбира нанесете црвен мат кармин со розев подтон, доколку сакате тој да не биде премногу потенциран на раката нанесете малку од карминот, а потоа со прст земете по малку и нанесувајте со тапкање на усните. На овој начин од јака нијанса на кармин добивате нежна. Дали сте знаеле дека белиот молив за очи можете да го искористите во замена за коректор за да ги осветлите и корегирате рабовите на усните? Сега знаете но, откако ќе го нанесете задолжително исенчајте со прстот.
Погледнете го видеото за да ви стане појасен целиот изглед.
Се надевам дека уживавте и ви се допадна овој туторијал.

Производи што ги користев:
1. Diva Natural Skin Care Hydra Protect
2. S-HE Stylezone Eye shadow palette 002
3. BROOKLIN Eyeliner No. 314
4. RIMMEL London Extra 3D Lash 003 Extrime Black
5. Lancôme Teint Miracle 035
6. Aura Absolute Matte 623 Take The Crown

 Елена 

Comments