Специјален ефект стареење со помош на шминка - Маска “Баба„ за Прочка


Подготвувањето на оваа маска е многу лесно и едноставно. За да изгледате остарено со помош на шминка вие ќе треба да ги нагласите вашите постоечки линии и брчки и да го исенчате вашето лице. 


Најпрво исконтурирајте ги лицето и вратот. Контурирањето можете да го направите со коректор за очи или пудра без разлика течна или камена- задолжително мора да биде 3 нијанси потемена од вашиот тен на кожа, но немојте да користите бронзер бидејќи нема да го постигнете саканиот ефект. 

Секој има различна форма на лицето и контурирањето кај секој ќе биде различно. Контурирањето во овој случај го правиме за да ја направиме кожата да изгледа опаднато и да добиеме по слаб изглед на лицето.

Следно е хајлајт нијанса да нанесете веднаш под контурите за да ги изедначите со тенот на кожата , а потоа исенчајте ги ги контурите.

За да ги истакнете брчките правете смешни фаци и тие сами ќе се појават, потоа со темна кафена нијанса 4  до 5 нијанси потемна од вашиот тен исцртајте ги со аголна четка, а потоа истапкајте ги со вашите прсти за да изгледаат по нежно и по реално.
Линијата на очите треба да оди во дијагонала бидејќи сакаме да изгледа кожата на капаците опаднато. 

Исто така можете да додадете и бенки и старечки пеѓи бидејќи како што старее кожата се појавуваат тие пигментации.

Не заборавајте на исцртате неколку брчки околу усните бидејќи  кај старите жени природниот баланс на кожата е нарушен и брчките се појавуваат насекаде вклучувајќи ги и усните.
Бидејќи со текот на годините косата почнува да побелува, за да го доловиме тој ефект со молив за очи во бела боја најпрво исцртајте ги веѓите,  а потоа исчешлајте ги со што ќе добиете сива боја на веѓите. 

За екстра ефект на побелена коса, со белиот молив за очи исцртајте ги корените  на косата и направавете неколку бели прамени. 

Во минатото старите жени си врзувале шамии вие можете да врзете шамија на косата или наместо тоа можете да додате бисерен аксесоар со што ќе направите оваа маска да изгледа изгледа уште подобро. 

Со ова вие го комлетиравте изгледот на оваа маска.


Старите велат дека на Прочка земјата и небото се простуваат. 
Традиционално на Прочка се маскираат децата (во минатото и возрастните) и пеат во групи. Се нарекуваат прочкари и ја пеат песната „Оптири лајлам, тра ла лала лајлам“. Тие влегуваат во домовите на христијаните за да го најават скорешното доаѓање на пролетта. Маскирани се во дедо, баба, зет, невеста, доктор или ѓавол. Штом ќе ја отпеат песната, ја боцкаат бабата а таа паѓа и лекарот ја кажува дијагнозата според која бабата е болна од шекерна болест и за неа лекот е баклава, а наградата за лекарот се парите. Тие се награда од домаќините за посетата на прочкарите. Така е до пладне кога започнува времето за ручек на кои бабата и дедото веќе ги поканиле ќерката и зетот. Од приквечер граѓаните се раздвижуваат низ улиците во градот и почнуваат визитарските посети во домовите на родителите, постарите членови на семејствата и кумовите. Помладите со лимон и портокал во раце, од постарите барат прошка велејќи: „Простете ми ако нешто сум згрешил-а“ на што постарите одговарат: „Простено ви е и од нас и од Господа“. 


Производи што ги користев:
1. Палета со коректори за контурирање
2. Бел молив за очи BROOKLIN Eyeliner No. 314 

Елена 

Comments