ТОП 10 нијанси за пролет 2016

Здраво драги мои !

Како што веќе знаете оваа пролет и лето насекаде ќе ги гледаме пастелните нијанси, па јас издвоив неколку кои мислам дека се ТОП 10.

Се надевам дека ќе ви дадам една идеја за тоа како ќе биде убава и шарена оваа пролетна сезона 2016 ! Од нежни, пикантни до силни овој избор на нијанси сметам дека е прилично сладок за очите.

“Овие бои оваа сезона ги пречекоруваат културните и родовите норми. Силните светли бои даваат можност за експериментирање и ведрина и покрај тоа непроменливо спокојсвото преовладува во оваа сезонска палета. За оваа пролет 2016, навистина не може да се почусвува разлика помеѓу колекцијата за мажи и жени во изборот на боите, каде што фокусот и желбата за краток одмор се одразува„ -  Летрис Аисмен.





Розев кверц: Совршен за пролетните и летните месеци, овој убедлив многу нежен тон што пренесува сочувство и чувство на смиреност.

Праска: Една сеопфатна нијанса која истакнува попријателски особини, евоцирајќи топлина и пристапност. Оваа нијанса е агресивен придружник во игривите тонови на портокаловото семејство.

Ведра: Лесна и воздушеста утешна боја со смирувачки ефект, како пространсвото на синото небо. Извондредна сина, оваа ведра нијанса ни обезбедува природно поврзано чуство за простор.

Шнорхел Сина: Блиску до она што го знаеме како Миднајт сина, морско сина инспирирана од морнарско сината, но со посреќен и поенергичен контекст. Самото име подразбира пријатен одмор и го поттикнува бегството.

Глуварче: Летно совршенсво, за разлика од поголемиот дел од трендовите лето/пролет кои повеќе се со смирен изглед, диверзија што нуди впечатлив контраст.

Маринска школка: Мојата омилена нијанса на аква која најчесто се приклонува кон семејсвото на зелената боја, сугерира на јасност и свежина, со своите свежи и модерни влијанија кои предизвикуваат спокојсво.

Виолетово сива: Неутрален тон на класична сива нијанса кој ги отелотворува суптилни нијанса на виолетовата - јоргованот.

Фиеста: Полна со забава и енергија, бојата на возбудата. Силната и жестока, жолто-базирана црвена, живописната Фиеста обезбедува остар контраст со смирувачка помека природа на палетата од оваа сезона.

Ледено кафе: Совршен преодна боја која ќе не однесе низ годишните времиња. Се манифестира како уште една силна неутрална боја за оваа сезона со своите природни секојдневни карактеристики и мекост.

Флеш зелена: Боја која повикува на истражување, зрачи отвореност, боја која се комбинира со останатиот дел од палетата на бои на случајно неочекувани начини. Популарноста на оваа брилијантна боја е претставник на постојаните влијанија на природата, дури и во урбаните средини, овој тренд продолжува да ги инспирира дизајнерите.



Се надевам дека ви помогнав при комбинирањето на боите оваа сезона !

Ви посакувам секое добро до наредниот пост !
Елена 

Comments