Lancome Teint Miracle Foundation Review


Здраво девојки ! 

Пред да започнам да ви раскажувам за оваа рецензија, најпрво сакам да ви се извинам бидејќи ви ја најавив оддамна,  а сега успеав да ја објавам. Се надевам дека нема да ми замерите. Сакав оваа рецензија да биде сеопфатна бидејќи ова е еден исклучителен производ со висока цена и сум сигурна дека никој не би сакал да плати за нешто што можеби нема да функционира за него.


Оддамна немав направено рецензија за течна пудра, па како да ми недостигаше тоа некако и решив да ја направам мојата втора рецензија за “high-end„ течна пудра. Денес ќе ги изнесам моите ставови и тестови за Lancome Teint Miracle која ја користев доволно долго и ја употребив во неколку туторијали

Ова е мојот прв производ од Lancome и пред да ја пробам оваа течна пудра читав многу позитивни коментари и добив многу препораки дека е премногу добра, но дали всушност е доколку ве интересира овој производ продолжете да читате.

Опис на производот: Lancome Teint Miracle течна пудра на база на вода без масла и парфеми, која содржи  заштитен фактор (SPF 15) одлична заштита за кожата во сончевите денови и лесно се вклопува со кожата со што обезбедува средна покривност. На кожата изгледа како здрава кожа - не дава премногу “dewy„ и мат финиш, не не чуствува тешко на кожата и може да се користи секојдневно.



Пакување: Како и сите производи на Lancome, пакувањето на оваа течна пудра е убаво и изгледа луксузно. Ја добивате во сребрено картонско пакување најпрво, на кое можете да најдете се што ве интересира, а пудрата е сместена во проѕирно стаклено пакување со проѕирна пластична пумпица и проѕирно пластично капаче на која се наоѓа врежана роза- еблемот на Lancome. Мене многу ми се допаѓаат проѕирните стаклени пакувања бидејќи во секое време можете да видите уште колку имате од производот за користење- тоа особено ми се допадна, но единсвена мана е што ако ви падне на под може многу лесно да се скрши доколку не сте многу внимателни. Исто така, голем плус за Lancome за пумпицата бидејќи произвотот го испумпувате колку што ви е потребно и немате потенцијал од загуба, преголемо испумпување или оксидирање. Едно целосно испумпување е сосем доволно за целото лице доколку ви е доволна средна покривност, а доколку сакате висока покривност тогаш ќе треба да испумпате уште половина пумпица.



Времетраење: Мене највеќе што ми траела е околу 19 часови, знам дека е зачудувачќи но во тој поглед е одлична. 
П.С.: Пред да си легнете да спиете обавезно исчистете го лицето од шминката, за да не предизвикате предвремено стареење на кожата. 



Мирис, густина и пигментација: Кога ќе испумпате од пудрата се чуствува пријатен мирис со присусво на алкохол кој многу брзо исчезнува (испарува), но не грижете се воопшто бидејќи тоа воопшто нема да и наштети на вашата кожа, ниту пак ќе ја иритира сувата кожа или акните на лицето (според моето мислење алкохолот е употребен во замена за корзеванс). Како што може да забележите од сликите густината на оваа пудра е многу течна бидејќи како што веќе ви кажав ова е една течна пудра на база на вода, средно пигментирана со што многу лесно и рамномерно се нанесува на кожата и дава средна покривност. 

Нијанси: Можете да ја најдете во 18 нијанси, мојата нијанса е 035 Beige Doré, што значи дека секој може да си ја пронајде својата совршена нијанса.

Количина: 30 мл или 1.0 fl. oz. Со оглед на количината што ја нуди доколку би ја користела секој ден, како што јас обожувам да ја нанесувам по малку, оваа течни пудра би ја користела 8 до 9 месеци, со што ги задоволува моите очекувања.

Цена: Можете да ја најдете по цена од 2,300 денари до 2,600 денари во зависност од каде ќе ја набавите.

Произведено во: Париз, Франција

Потекло на производот: Париз, Франција





Состојки: Активни состојки: Octinoxate 3%. 
Неактивни состојки: Water, cyclopentasiloxane, alcohol denat., phenyl trimethicone, glycerin, PEG-10 dimethicone, bis-PEG/PPG-14/14 dimethicone, PEG/PPG/polybutylene glycol-8/5/3 glycerin, rosa gallica flower extract, talc, dimethicone, dimethicone/polyglycerin-3 crosspolymer, methicone, alumina, aluminum hydroxide, magnesium sulfate, disodium stearoyl glutamate, ethylhexyl hydroxystearate


Како ја користам оваа течна пудра?
Како и сите останати пудри и оваа пудра пред да ја нанесам најрво нанесувам подлога за сува/нормална кожа или база на челото, носот, брадата, образите и очите, потоа ја разнесувам со прстите во кружни движења се до нејзиното впивање во кожата за да ја хидрирам, а потоа ја нанесувам пудрата.

За кој тип на кожа и воздраст е одлична оваа пудра?
Одлична е за сува, нормална и комбинирана кожа но може да ја користат и личности со масна кожа но по нејзиното нанесување да ја фиксираат со пудра во прав или прав за фиксирање на шминка. Кога станува збор за воздрасната граница на користење на оваа пудра би кажала дека може да ја користат лица од 18 години до 35 години, бидејќи како што веќе напоменав ова е лесна течна пудра и не ги прекрива брчките на лицето па затоа ја одредив оваа гранична група на која одлично би и користела. За лица над 40 години повеќе би им одговарала Lancome Teint Visionnaire Foundation Skin Perfecting Makeup Duo.

Дали ги прекрива акните и другите кожни проблеми?

Како што веќе ви кажав оваа течна пудра има средна покривност па, доколку имате акни вас би ви било потребно на нанесете два слоја за да ги прекриете акните на вашето лице. Доколку имате пеги или црвенила на кожата само со еден слој лесно ќе ги прекриете. За оние што сакаат да ги крекријат бенките на лицето доколку се мали и ситни со еден слој лесно се крекриваат доколку се поголеми за нивното прекривање ќе треба да употребите најпрво коректор во црвена боја и убаво да го изблендате а потоа да ја нанесете пудрата. 


Дали би ја препорачала оваа течна пудра? 
Да, дефинитивно и покрај остриот мирис на алхохол ја препорачувам оваа пудра бидејќи ги задоволи моите високи барања од една течна пудра.

Дали повторно би ја купила? 
Се разбира дека повторно би ја купила.

Како изгледа нанесувањето на оваа течна пудра на мојата кожа
 

Доколку имате било какви прашања слободно поставете ги во коментар.
Би сакала да ги слушнам вашите мислења.

Имајте убав ден, до наредното чирање.

 Елена  

Comments