Коректор и корегирање на бојата на кожата (Concealer & Color Correcting)





Здраво на сите !

Моето лице оддамна не изгледало толку многу лошо со видливи кожни проблеми, па го искористив овој момент за да ви покажам како да ја претворите кожата на лицето да изгледа беспрекорно, свежо и здраво со помош на оваа така наречена техника Корегирање на кожата со коректор во боја или како што некои ја знаат како колор коректинг.

Како и секогаш пред да започнеме со главниот дел од видеото да се запознаеме со козметичкиот производ, неговата намена и правилна употреба.

Коректор или коректор во боја е еден вид козметички производ што се користи најчесто за да се прекријат темните кругови околу очите, флеки на кожата, за намалување на поите и други видливи кожни проблеми кои што сакате да ги прекриете. Коректорот е сличен производ со течната пудра, но е погуст и се користи за да се покријат различни пигметски промени со взаемно мешање околу несвршенсвото на кожата. Постојат два вида на коректори течни и цврсти. Коректорот може да се нанесе самостојно на кожата или со течна пудра. Доколку се одличите за нанесување со течна пудра вообичаено се нанесува по следниов редослед, најпрво се нанесува прајмерот, па коректорот и на крај пудрата, но некои личности коректорите ги нанесуваат откако ќе ја нанесат течната пудра но јас сметам дека подобар ефект се добива доколку најпрво се нанесе коректорот па потоа течната пудра.

Оваа техника не е воопшто нова и она што треба да го знаете е дека не е за секој. Немојте да ја применувате доколку вашата течна пудра совршено ги прекрива кожните проблеми, бидејќи доколку го корегирате лицето со коректор во боја, па потоа нанесете течна пудра вие само ќе нанесете еден слој повеќе козметички производ, а тоа не изгледа убаво, дополнителното употребување на козметички производи од кои што немаме потреба ќе направи само вештачки изглед на кожата- имајте го ова на ум.

 Но доколку течната пудра не е доволна и кожните проблеми излегуваат на површина и покрај нанесувањето на течната пудра тогаш оваа техника е одлична за вашето лице за да блесне и да добие здрав сјај.  Значи немојте да употребувате коректори доколку вистински немате потреба од нив.

Густината на коректорот не треба да биде ниту премногу густа ниту премногу течна. Доколку имате многу сува кожа слободно земете некое природно масло наменето за користење на лице и капнете една мала капка врз коректорот така вашата кожа ќе биде хидрирана а коректорот нема да се распадне.

Ајде да започнеме со мини лекција за теорија на Бојата на темните кругови околу очите:
Најпрво бојата на вените зависи од 3 фактори.
Крвта во вените најголемиот дел е богата со јаглероден диоксид и затоа има по темна боја за разлика од крвта со богата со кислород.

Одредени маснотии кој се наоѓаат под кожата дозволуваат само плавата светлина да помине која се одбива и прави тие да изгледаат дека се плави.
Самата крв абсорбира светлина и така крвните садови изгледаат темни.
За најлесно да дознаете како да прекриете некоја несовршеност погледнете го тркалото на бои и пронајдете каква боја е несвршеноста што сакате да ја прекрите, а потоа погледнете ја бојата што се наоѓа на спротивната страна, за да одредите каква боја на коректор ќе треба да употребите.

Оваа теорија е широко употребувана за корегирање на бојата на кожата и темните кругови под очите. За корегирање на лицето многу луѓе сакаат да употребуваат коректори во боја (слични коректори како техниката за контурирање и истакнување на цртите на лицето), ЦЦ креми (креми за контролирање на бојата) или прајмери во боја.

Употребувањето на коректор во боја под очите е ефективено погоден метод кој придонесува за убав блескав и лифтинг ефект врз изгледот на шминката.

Јас сметам дека е најдобро за темните кругови околу очите - доколку некој има виолетови кругови околу очите како мене, за нивна корекција најдобро е најпрво да нанесе коректор кој содржи жолт подтон, или жолт коректор за неутрализирање на виолетовите кругови под очите, а потоа да нанесе течна пудра која ќе се совпаѓа со природната боја на кожата.
Оваа иста теорија функцуионира и за личности кои што имаат претерани сини темни кругови под очите (најчесто личности со темнна и кафеава нијанса на кожата) најдобро е да нанесат портокалов коректор или да го измешаат со некој друг коректор во боја за да ги неутрализираат темно сините кругови околу очите, (некои девојки нанесуваат кармин во црвено-портокалова нијанса) а потоа да нанесат течна пудра.

Значи жолтиот коректор ги неутрализира виолетовите кругови под очите, ги прекрива испуканите капилари кои имаат виолетова боја и ги осветлува темните дамки на кожата.
 За да го изедначам коректорот со тенот јас користам еден прст од мојата рака со што ќе добијам висока покривност. Вие можете да користите четка за коректор или бјути сунѓерче со што крајниот резултат ќе биде средна покривност.

Зелениот коректор се употребува за неутрализирање на црвенилата на сите видови кожа.    Јас  го нанесувам секаде на лицето каде што имам црвенила за да ги прекријам.
Јас нема да употребам розев, прасков, црвен, син и виолетов коректор во овој туторијал, но ќе ви ја кажам нивната намена.

Розевиот коректор се употребува за да се осветли нездравиот (блед) изглед на кожата кај личности со светол тен и да се прекријат темните кругови околу очите.
Праска нијанса на коректор покрива темни кругови околу очите и темни дамки на светла до медиум тен на кожа.

Црвен коректор покрива темни кругови околу очите на длабок тен на кожа.
Виолетовиот коректор се употребува за прикривање на пеѓи или други дамки на кожата кои што сакате да ги изедначите со тенот на кожата и прекривање на темните кругови на лица со медиум тен.

Син коректор се употребува за додавање сјај на “fair„ нијанса на кожа/ намалување на ситните несовршености.

Коректор со боја според тенот на кожата помага во борбата против флеките на кожата кај среден до темен тен/ топло златен тен исто така овој коректор се нанесува врз зелениот, портокаловиот, црвениот и виолетовиот коректор.

Неутралниот коректор или уште познат како кремаст хајлајтер дава природен сјај на тенот и го нанесувам на јаболчната коска, на врвот од носот, над усните, на брадата и во пределот над лакот на веѓата,  со што ќе добијам природен здрав сјаен изглед.

Пред да започнете со нанесување на коректорите најпрво нанесете хидратантна крема низ целото лице. Дополнително што може да нанесете е прајмер доколку имате потреба се разбира.
Кога ќе започнете со нанесување на коректорите немојте да ненасете премногу од производот доволно е многу малку да нанесете бидејќи доколку нанесете премногу финалниот резултат ќе изгледа многу слоевит, сигурна сум дека никој не го сака тој ефект.

Нанесете само на местата на кои им треба корекција а потоа добро изблендајте, со што ќе избегнете коректорот да испадне на површина над течната пудра и запомнете дека колку повеќе блендате толку подобар ќе биде крајниот резултат, затоа кога мислите дека е доволно изблендајте уште малку.

Производи што ги употребував: Dermacol Corrector Palette

Comments