Vichy Teint Ideal Illuminating Powder Foundation

Здраво девојки ! 
Долго ме немаше на блогот да напишам некоја рецензија, но денес имам одлична статија за вас, се разбира за една од моите омилени теми за анализа, компактна пудра, пудра во прав (пресована/камена). Неодамна Vichy создадоа козметичка линија на пудри и како што мене ме познавате морав да ја имам во моите раце една од нивните пудри, па се одлучив за камената пудра. Ова за мене беше голем предизвик за тест бидејќи камените пудри се тешки за употреба особено доколку имате сува кожа како мојата.





Пред да ја започнам рецензијата ќе ви дадам краток вовед за новата линија на пудри на Vichy која е наречена Teint Ideal Illuminating makeup, чија формула е базирана на минерлни пигменти со витамин Ц, витамин Е, хијалуронска киселина и Виши минерална термална вода и е фокусирана на здравиот сјај на кожата. Тестирана на 500 жени од целиот свет, линијата е хипоалергена, не комедогена и одобрена за сите типови на кожа, вклучително и на чувствителната. За создавање на оваа линија е користена "Liquid Light" технологија која дава прекрасен природен и здрав сјај на кожата. И она што посебно ми се допаѓа е што не создржи парабени.
Колекцијата е составена од течна пудра, крем пудра, пудра во прав, течен коректор, течен хајлајтер и бронзер во прав.


Опис на производот: Vichy Teint Ideal Illuminating Powder Foundation компактна пудра во прав хипоалергена, не комедогена, базирана на минерлни пигменти со витамин Ц, витамин Е, хијалуронска киселина и Виши минерална термална вода, содржи заштитен фактор (SPF 25) кој е одличен за сончевите денови и не содржи парабени. Одговара на сите типови на кожа , па дури и на чувстителната кожа, на кожата има природен изглед како здрава кожа - не дава премногу мат финиш, не не чуствува тешко на кожата и може да се користи секојдневно. Го изедначува и корегира тенот благодарение на ефектот за покривање. 


Пакување: Пудрата е сместена во пластично златесто пакување кое изгледа луксузно уште при првиот допир. Кога ќе го отворите пакувањето на левата страна е сместена пудрата а на десната сунѓерест апликатор со кој јас обожувам да ја нанесувам, на капакот е сместено огледало што особено ми се допаѓа, бидејќи е доволно големо за да можете да го користите при аплицирање. 

Времетраење: Ја тестирав еден месец и навистина одлично изгледа преку текот на целиот ден, иако пудрата е во прашкаста форма резултатите што ги даде се навистина НЕОЧЕКУВАНИ 14 часови. Вообичаено пудра во форма на прав највеќе што трае е 5 до 8 часови, но оваа пудра на Vichy навистина ме изненади од времетраењето. 

Цена: 1.750 денари

Мирис и пигментација: Без мирис. Средно пигментирана така што не ви е потребно да нанесете многу од производот доколку немате потреба, но доколку имате може да се билда без притоа да изгледа прашкасто.

Нијанси: Изборот на нијанси за жал е многу мал и тоа е еднисвената мана која што можам да ја најдам, компанијата нуди само три нијанси. Мојата нијанса е втората - Medium. 


Количина: 9,5 g 

Произведено во: Виши, Франција


Земја на потекло: Франција





Состојки: talc; nylon 12; titanium dioxide; dimethicone; magnesium stearate; triisocetyl citrate; paraffinum liquidum/ mineral oil; stearic acid; perlite; trimethylsiloxysilicate; aluminum hydroxide; caprylyl glycol; lauroyl lysine; cetyl dimethicone; CI 77891 titanium dioxide; CI 77163 bismuth oxychloride; CI 77491, CI 77491, CI 77492, CI 77499 iron oxides; mica

Како ја користам оваа пудра?
Како и сите останати пудри и оваа пудра пред да ја нанесам најрво нанесувам подлога за сува/нормална кожа или база на челото, носот, брадата, образите и очите, потоа ја нанесувам со сунѓерестиот апликатор кој што се наоѓа во самото пакување.

Дали ги прекрива акните и другите кожни проблеми?
Како што веќе ви кажав оваа течна пудра има средна покривност па, доколку имате акни вас би ви било потребно претходно да нанесете течна пудра, па потоа од камената за да ги прекриете акните на вашето лице. Доколку имате пеги или црвенила на кожата само со еден слој лесно ќе ги прекриете. За оние што сакаат да ги крекријат бенките на лицето доколку се мали и ситни со еден слој лесно се крекриваат доколку се поголеми за нивното прекривање ќе треба да употребите најпрво коректор во црвена боја и убаво да го изблендате а потоа да ја нанесете пудрата. 

Доколку сте во потрага по нова пудра од висока класа најискрено ви ја препорачувам оваа пудра или да пробате друга пудра од оваа линија на Vichy, ве уверувам дека нема да згрешите. 

До следното читање !

                                   Елена 

Comments